Нови детали од расправијата помеѓу Алегри и Бонучи, стратегот се заканил со отказ!

by
2 минути читање

Дефанзивецот
влезе во конфликт со тренерот на дуелот со Палермо минатата недела, а поради
инцидентот беше парично казнет и отстранет од тимот за средбата со Порто во
Лигата на Шампионите.

Според пишувањата
на Газета дело Спорт, Јувентус не ја кажал целата приказна и весникот открива
повеќе детали од конфликтот.

Расправијата од
теренот продолжила во соблекувалната каде дошло и до физички контакт, а другите
играчи спречиле тепачка и ги разделиле Алегри и Бонучи.

Алегри на
пресконференцијата на новинарите им кажа дека било само мало недоразбирање, но
уште вечерта му се јавил на генералниот директор Бепе Марота и побарал строга
казна за Бонучи со која ќе се испрати порака.

Следниот ден во
тренинг центарот имало средба помеѓу Алегри и Бонучи на која присуствувале и
директорите Недвед, Паратичи и Марота. Одново било разговарано на висок тон и
никој не сакал да се извини.

На „Бјанконерите“
не им се допаднало ваквото однесување па решиле да ги казнат двајцата.

Но Алегри не се
сложил со ова и се заканал дека ќе замине доколку не добие поддршка од клубот.

„Или тој или јас“
– бил условот на тренерот, па Јувентус на крајот го казни само играчот.

Зборувајќи на
денешната прес конференција, Алегри не сакаше да ги коментира ваквите стории и
само порача: „Најважно е што има правила, секогаш се случуваат недоразбирања
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани