Нов викенд, нов соборен рекорд за Роналдо во Јувентус, овој пат стар 60 години (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шампионот на
Италија продолжува да реди победи во Калчото, вечерва избраниците на Алегри се
прошетаа на гостувањето во Фиренца кај лутиот ривал Фиорентина.

Резултатот го отвори
Бентанкур во 31. минута од мечот. Уругваецот имаше еден-два проигрување со
Дибала, потоа продре во шеснаесетникот и прецизно биеше по земја за 0-1.

Во 69. минута од
мечот Јувентус поведе со 0-2. По една вратена топка во шеснаесетникот на
Фиорентина, Кјелини најдобро се снајде и погоди со голема доза на среќа откако
голманот Лафон ја закачи топката, но недоволно за таа да не заврши во неговата
мрежа.

Конечниот
резултат беше дело на Кристијано Роналдо кој погоди од белата точка во 79.
минута. За ЦР7 ова беше десетиот погодок во Серија А со што собори нов рекорд и
стана првиот играч по Џон Чарлс во сезоната 1957/58 кој постигнал 10 гола на 14
меча во својата деби сезона во дресот на „Бјанконерите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани