Составот на
италијанскиот првак Јувентус влегува во изолација откако Вестон МекКени доби
позитивен наод на тестирањето за ковид-19, само 24 часа откако Кристијано
Роналдо доби исти резултати за време на интернационалната пауза.
Од последното
тестирање во составот на „Старата дама“, само Американецот МекКени излезе со
позитивен наод, а како мерка за претпазливост во пресрет на дуелот со Кротоне
претстојниов викенд во Серија А, тимот на Андреа Пирло ќе оди во изолација.
Коронавирусот за
момент донесе една доста контроверзна ситуација во Италија откако дербито
претходното коло помеѓу Јувентус и Наполи не го дочека ниту својот почеток,
гостите не допатуваа тврдејќи дека немаат дозвола од локалните здравствени
власти, а домаќинот се појави на теренот па на крајот службено го доби мечот со
3-0, а на Наполи му беше одземен и бод.