Дуелот од осминафиналето на Светското клупско првенство помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, кој треба да се игра во вторник во Мајами (21:00 часот), е под закана од прекин поради лоши временски услови.
Американската метеоролошка служба најавува врнежи и грмежи во реонот на Мајами токму во периодот кога е закажан натпреварот меѓу 14:00 и 15:00 по локално време, односно за време на стартот на средбата на „Хард Рок“ стадионот.
Ризикот од олуја се оценува како „веројатен“ во моментот на првиот свиреж, а организаторите имаат строг безбедносен протокол. Доколку биде регистриран удар на гром во радиус од околу 13 километри, мечот ќе се прекине минимум 30 минути, исто како што тоа се прави во американските лиги (МЛС, НФЛ).