Фудбалерите на Манчестер јунајтед приредија ново разочарување за навивачите во Премиер лигата и денеска беа поразени од Вулвс.
Најави тренерот Аморим и победата над Лион во Лига Европа дека во Премиер лигата ќе игра со комобиниран состав и главниот фокус ќе биде Лигата на Европа каде што ќе се обидат да дојдат до трофејот со што би обезбедиле и место во Лигата на шампионите наредната сезона.
Единствениот гол во денешниот натпревар го постигна Пабло Сарабија во 77. минута од средбата.
Убедлива победа славеше Арсенал кој без многу проблеми ја оправда фаворитската улога против Ипсвич со 0-4.
Избраниците на Артета постигнаа по два гола во првото и второто полувреме, а работата им беше олеснета откако Дејвис во 32. минута заработи црвен картон.Два гола за Арсенал постигна Тросар, а по еден Мартинели и Енванери.
Челси беше пред пораз од Фулам бидејќи „сините“ имаа негатива од 20-тата минута и се до завршнцата кога прво Џорџ израмни на 1-1 во 83. минута, а потоа Нето стрелаше за пресврт и победа.