441
Челси се спаси од пораз во дербито против Манчестер јунајтед со гол на Баркли во 96. минута. Во тие моменти стадионот еруптираше, а помошникот на Сари, Марко Иани голот го прослави пред Жозе Мурињо.
Снимката на „Скај Спортс“ покажа како Мурињо нервозен е седнат на клупата, а тренерот на Челси пред него го слави погодокот.
Португалецот по тој момент стана и тргна да се пресмета, но двете страни брзо беа разделени со интервенција на стјуардите.
Но, сега излезе нова снимка, на Би-Би-Си која покажува дека Иани со стисната тупаница пред главата на Мурињо го прославувал голот. Тоа дава сосема поинаков агол и дополнително ја оправдува реакцијата на тренерот на Јунајтед.