12
Нотингем форест со 1-0 победи против Астон Вила во првото англиско полуфинале од Лига Европа, Брага со гол во 92. минута го победи Фрајбург со 2-1.
Единствениот гол на англискиот дуел падна од пенал во второто полувреме. Вуд погоди од белата точка во 71. минута за 1-0.
Два рани гола и еден многу доцен беа постигнати на мечот меѓу Брага и Фрајбург кој заврши 2-1.
Тиканаз во осмата минута донесе водство за португалскиот тим, а осум минути подоцна Фрајбург го изедначи резултатот.
Домаќините во првиот дел промашија и пенал, но Доргелес во втората минута од судиското продолжение донесе победа од 2-1.