Нотингем форест загуби уште два бода во трката за местата кои водат во ЛШ

by riste
0 минути читање

Кога најмногу требаше, хитот на сезоната, Нотингем форест влезе во лоша форма и полека го губи сето она што го стекна. Денеска одиграа 1-1 на гостувањето кај Кристал Палас.

На три кола до крајот Нотингем форест падна на шестата позиција на табелата, која исто така може носи во Лигата на шампионите, но падот во формата дава сомнеж дека и тоа место ќе го задржат.

Денеска Кристал Палас поведе со гол на Езе во 60. минута, четири минути подоцна Муриљо изедначи на 1-1, што беше и конечен резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани