Не оди сè според планот за репрезентацијата на Норвешка во пресрет на четвртфиналниот натпревар против Англија на Светското првенство.
Норвежаните се едно од најпријатните изненадувања на турнирот, откако во осминафиналето направија изненадување со елиминацијата на Бразил. Сепак, пред дуелот со „Гордиот Албион“, кој важи за фаворит, тимот се соочи со неочекуван проблем.
По пристигнувањето на Флорида и само една помината ноќ во хотелот „Далмар“, норвешката репрезентација морала да побара ново сместување.
Причината била големата бучава од градилиштето кое се наоѓало во непосредна близина на хотелот. Норвежаните се пожалиле до ФИФА и побарале итна реакција, а дополнителен проблем бил и зголемениот сообраќај во околината, кој создавал дополнителна врева.
Норвешкиот фудбалски сојуз се обидува да ја задржи позитивната атмосфера во тимот по големиот успех против Бразил, но сега за новиот проблем упати критики кон организацијата.
На крајот бил пронајден нов хотел, кој бил поскап. ФИФА се согласила на промената и го покрила износот што првично бил предвиден за сместување, додека разликата во цената ја платиле Норвежаните.