Ноќ за паметење во Лигата на шампионите, мрежите се тресеа 14 пати (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Каква ноќ во Лигата на шампионите, 7 голови во просек на двата натпревари, во Манчестер беа постигнати осум, шест видоа гледачите во Леверкузен.

Манчестер Сити го победи Монако со 5-3, францускиот тим се покажа во одлично светло и може да жали што си заминува дома со два гола негатива.

Резултатот беше отворен во 26. минута кога по асистенција од Сане, Стерлинг погоди за водство на Манчестер Сити од 1-0.

Само шест минути подоцна, по асистенција од Фабињо, Фалкао се испружи колку што е долг и убаво со глава ја смести топката во мрежата на Кабалеро. На пет минути пред крајот на првиот дел Мбапе погоди за комплетен пресврт и водство на Монако од 2-1.

По пет минути игра во вториот дел пенал за Монако, но ударот од белата точка не го реализираше Фалкао, Кабалеро го одбрани неговиот удар. Казната стигна само три минути подоцна кога по еден голем кикс на Субашиќ, Агуеро израмни на 2-2.

Брзо потоа следуваше вистинска мајсторија на Радамел Фалкао, гол со лоб за ново водство за Монако, овој пат од 3-2.

Но тоа не беше се, следуваат три гола на Манчестер Сити, Агуеро, Стоунс и Сане погодија за водство од 5-3.

Вистински дожд од голови се случуваше и на натпреварот во Леверкузен помеѓу Баер и Атлетико Мадрид, каде гостите победија со 4-2.

Шпанскиот тим имаше водство од 2-0 по првиот дел со головите на Нигуез и Гризман.

Леверкузен се врати брзо во второто полувреме кога Белараби го намали водството на 2-1, Гамеиро од пенал зголеми на 3-1 за Атлетико Мадрид, но Савиќ си постигна гол и Германците се вратија на еден негатива.

Атлетико Мадрид сепак замина дома со два гола предност благодарение на погодокот на Фернандо Торез во финишот од мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани