Тимот на Гостивар подготвен влегува во пролетниот дел од сезоната и со амбиции да ја освои шампионската титула во Македонија.
Тренерот на гостиварци, Мерт Нобре пред почетокот на вториот дел од сезоната зборуваше за амбициите на клубот.
„Одработивме добри мини-подготовки пред продолжението на првенството. Стартуваме против Струга, тим кој навитина го респектирам и кој е актуелен шампион на МакедониЈА. Но тоа не ја менува нашата цел – да бидеме шампиони! За да го направиме тоа мораме да освојуваме колку што е можно повеќе бодови. Се надеваме на голема поддршка од навивачите за заедно да славиме“, изјави Нобре.
Гостивар на табелата е на четвртото место со 35 бода, два помалку од трите екипи на врвот кои се со по 37 бода (Шкендија, Силекс, Работнички).