Њукасл се пофали со магијата на Сент-Максимин за победа над Оксфорд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Њукасл во првата
пресметка одигра само реми без голови против Оксфорд, и тоа пред своја публика,
па Премиерлигашот мораше на „поправен“, овој пат на гостински терен во
четвртото коло од ФА Купот.

Синоќа Њукасл
обезбеди триумф од 2-3 и со тоа избори место во петтата рунда од тоа
натпреварување, меѓутоа победата дојде во продолжението, откако домаќинот во
самата завршница успеа да израмни на 2-2.

Херој во
гостинскиот табор беше Сент-Максимин кој во 116.тата минута од мечот приреди
вистинско шоу при една полу-контра на Њукасл, во свој препознатлив стил влезе
близу опасната зона на домаќините, исфрли од игра двајца свои противници, за
потоа да упати неодбранлива бомба кон голот на Оксфорд.

Дел од магијата
на Сент-Максимин
“ напиша Њукасл на социјалните мрежи, објавувајќи го
решавачкиот гол на 22 годишниот Французин
кој во летниот преоден рок направи
трансфер од Ница во Њукасл за 25 милиони евра, а фановите од него очекуваа
токму вакви потези…

Кога сме кај ФА Купот, Њукасл во следната рунда закажа пресметка со ВБА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×