Ниту Меси, ниту Роналдо, ниту Кејн, ниту Мбапе… Халанд руши рекорди и поставува нови граници во Лигата на шампиони (ФОТО)

by
1 минути читање

Норвежанецот продолжува да руши рекорди, откако вечерва постигна два гола против Севиља, тој испиша нова историја во Лигата на шампионите.

Со 20 погодока на 14 натпревари, тој стана фудбалерот кој најбрзо успеал да стигне до 20 погодока во најелитното европско натпреварување. Претходниот рекорд го држеше Хари Кејн, на кого му беа потребни 24 натпревари.

Ерлинг Халанд исто така стигна најмладиот фудбалер со 20 погодоци во Лигата на шампиони и го подобри достигнувањето на Килијан Мбапе, кој пред три месеци го симна од тронот Лео Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани