Ниту Фабрегас, ниту Виеира: Интер го одбрал наследникот на Инзаги

by bojan
1 минути читање

Според пишувањата на новинарот Џанлука Ди Марцио, Интер решил да го ангажира Кристијан Киву за наследник на Симоне Инзаги.

Интер го идентификуваше Сеск Фабрегас како прва желба за нов тренер, но Комо не помислува за разделба со младиот стратег.

„Директно го известивме претседателот на Интер дека нема да го пуштиме Фабрегас и тој ова го прифати со љубезност, како и што се очекува кога меѓу клубовите има почит“ – изјави денеска претседателот на Комо, Мирван Сурасо.

Се шпекулираше дека Патрик Виеира е втора опција, но последните информации велат дека на крајот трето име ќе биде новиот тренер.

Новинарот Џанлука Ди Марцио објави дека „нероаѕурите“ решиле да го ангажираат Кристијан Киву, кој шест години беше дел од Интер како играч, а потоа работеше и во академијата.

Се очекува Романецот наскоро да донесе конечна одлука, на Интер му се брза со оглед на тоа дека ги чека натпревар на 17. јуни на Светското клупско првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани