172
Според
информациите кои ги пренесе „Manchester Evening News“, Давид Де Хеа се согласил на нов договор со
Манчестер јунајтед, а доколку ова е точно, тоа би значело крај на сите
шпекулации кои го поврзуваа Шпанецот со трансфер во Реал Мадрид.
Претходно
наведениот медиум известува дека Де Хеа ќе потпише петгодишен договор, но
финансиски детали од истиот засега нема.
27 годишниот
голман во моментов има важечки договор до 2019. година со опција за
продолжување на плус една година, а последен пат потпис стави во 2015. година
откако поради наводно доцнење на документацијата пропадна трансферот вреден 35
милиони евра во кој вклучен беше и Кејлор Навас.