65
23 годишниот Бобан
Николов својата кариера ја продолжува во унгарски Видеотон, се остварија
најавите за трансферот на нашиот репрезентативец кој на промоцијата го истакна
своето задоволство што е член на Видеотон.
„Среќен сум поради овој
трансфер. Би сакал да го истакнам моето задоволство што веќе сум член на
Видеотон. Не се двоумев многу кога ја добив понудата од овој клуб, тој
функционира и работи според сите професионални стандарди“ рече нашиот
репрезентативец на промоцијата во новиот клуб.
По 19 одиграни кола во
унгарскиот шампионат Видеотон е на второто место со три бода зад лидерот
Ференцварош, каде настапува Стефан Спировски.