713
Во 41. минута од
мечот на Стемфорд Бриџ, Бобан Николов одлично следеше една акцијата на Челси,
ја пресече топката и веднаш тргна во контра. Тој доби идеално додавање во фор,
го надтрча Гери Кејхил, кој стартваше но ја промаши топката и го собори
противникот на работ од шеснаесетникот.
Судијата сепак не
досуди ништо а Македонецот се чудеше на одлуката со оглед на тоа дека беше чист
фаул. Од повторените снимки убаво се гледа дека има контакт помеѓу дефанзивецот на Челси и Бобан
Николов.
Стартот веројатно
беше надвор од шеснаесетникот и немаше да има пенал, но тоа ќе значеше црвен
картон за капитенот на Челси бидејќи спречи шанса за гол.