69
Манчестер Сити запиша три нови бода во Премиерлигата откако на свој терен триумфираше над Вулвс.
Тимот на Пеп Гвардиола поведе во 15. минута со автогол на Дендонекер, а пред крајот на првото полувреме му беше поништен гол на Лапорт поради тесен офсајд.
По 15 минути игра во вториот дел, Коуди го изедначи резултатот на 1-1. Ремито беше актуелно до десет минути пред крајот, но волците не го издржаа големиот притисок на Сити.
Во 80. минута Габриел Жесус го врати водството на Манчестер Сити, десет минути подоцна Махрез постигна гол и ги реши сите дилеми околу победникот.
Конечните 4-1 ги постави Габриел Жесус со својот втор гол на мечот, овој пат постигнат во 95. минута.