Никогаш не би погодиле на што го потпишал првиот автограм Иниеста

by
1 минути читање

Андрес Иниеста е
легенда на Барселона, мина цели 16 години во дресот на каталонскиот гигант каде
забележа 442 настапи на кои постигна и 35 погодоци.

34 годишниот
искусен плејмејкер својата кариера ќе ја продолжи во јапонски Кобе, а тој имаше
една доста необична и пред се
интересна средба со спортски новинар на „Марка“.

Станува збор за
Михел Анхел Торибио, тој побарал автограм од Андрес Иниеста во 1996. година,
кога Барселона имала настап со својот млад тим на еден интернационален куп,
тогаш Иниеста имал само 12 години а веќе го потпишал и првиот автограм.

Интересно,
автограмот бил потпишан на билет за автобус, такви биле околностите во таа
ситуација за Торибио бидејќи тој немал друго ливче хартија при себе.

Иниеста не ги криеше импресиите гостувајќи во едно интервју на „Радио Марка“, едноставно не можеше да поверува дека тоа беше првиот негов автограм, потпишан на билет за автобус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани