Неверојатна партија на Астон Вила, Ливерпул стана првиот шампион кој примил СЕДУМ гола во Премиерлигата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Победата од 6-1 на Тотнем на гостувањето кај Манчестер јунајтед беше изненадување, она што потоа го направија играчите на Астон Вила звучи неверојатно.

Избраниците на Смит вечерва го совладаа Ливерпул со убедливи 7-2. Домаќините поведоа веќе во 4. минута, голманот Адриан лошо додаде, а Грилиш му асистираше на Воткинс за 1-0.

Во 22. минута, Грилиш одново го послужи Вотскин за нов гол и предност од 2-0.

Салах во 33. минута намали на 2-1 и ја врати надежта кај гостите, но Астон Вила со многу среќа веднаш одговори. Мекгин биеше од врвот на шеснаесетникот, топката го закачи Ван Дајк и заврши во мрежата.

Пет минути подоцна, една лоша офсајд стапица придонесе Трезеге да прими топка и да нафрли во петерецот каде Воткинс со глава го матираше Адриан за 4-1 и хет-трик.

По десетина минути игра во вториот дел, новото засилување Баркли убаво погоди од далечина за 5-1, а пет минути подоцна, Салах намали на 5-2.

Во 66. минута среќата пак беше на страната на Астон Вила, Грилиш биеше а топката го удри Фабињо и заврши во голот.

Конечните 7-2 ги постави истиот играч по една контра во 75. минута.

По овој тежок пораз, Ливерпул стана првиот актуелен шампион кој примил СЕДУМ гола на еден меч од Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани