Неверица во студиото на Скај: Обложувач остана без 250.000 фунти поради голот на Емерсон во 94. минута (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Секунди го делеа еден обложувач од 250.000 фунти. Во играта Суперс Сикс џекпот, тој погодил точен резултат на пет натпревари и чекал Челси против Атлетико Мадрид да заврши 1-0 за шест од шест и богата исплата.

Сепак, во последниот напад од натпреварот, Емерсон во 94. минута постигна гол кој не значеше ништо, Челси од претходно го имаше пласманот во четвртфинале во Лигата на шампиони.

Кога левиот бек го совлада Облак настана неверица во студиото на Скај, поранешниот тренер на Тотнем, Тим Шервуд се фати за галава.

Обложувачот сепак нема да остане со празни раце, ќе добие утешна награда од 6.000 фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани