Покрај стандардните тв куќи кои вообичаено ги откупуваат ТВ правата од големите фудбалски лиги, интерес за Серија А има и од компании како што се Нетфликс и Амазон.
„Имаме многу силен партнер каков што е Скај, го имаме и ДАЗН, кој покажа верба во Италија со сериозна инвестиција“, вели извршниот директор Луиџи Де Сиерво.
„Мислам дека ќе имаме позитивни изненадувања, дури и покрај тоа што во моментов нема силна конкуренција како во изминатите години кога и Медиасет се бореше за ТВ правата“.
„Интерес има и од големите интернационални платформи како што се Нетфликс и Амазон. Се надеваме дека фудбалот ќе се врати во центарот на конфронтацијата меѓу технологиите и платформите“.
„Со креирање на единствена мрежа, фудбалот може да биде атрактивен елемент. Продукт кој се случува во странство, каде телефоните можат да ја унапредат содржината“.