Локалните медиумите
од Сицилија попладнево објавија за непријатна ситуација со среќен крај во која се
нашол Илија Несторовски.
Извештаите велеа
дека Македонецот бил бркан од гневен мотоциклист низ улиците на Палермо откако
играчот ненамерно го испрскал со вода.
Вечерва
„Нестогол“ се огласи на социјалните мрежи за да го расветли инцидентот.Тој признава дека
дошол до немил настан откако негов пријател се пошегувал и истурил минерална
вода, но вели дека медиумите од сето ова направиле трач со многу невистини.
„Жалам што една
безопсана шега од мој пријател кој истури минерална вода се претвори во трач со
многу невистини” –
напиша Илија Несторовски на Фејсбук.
„Сепак, исто како
што направив и попладнево, сакам да се извинам за непријатностите кои сепак
нема да ни го одвлечат вниманието од натпреварот кои го играме во недела”.