Несторовски прва цел на Фиорентина

by
1 минути читање

Популарниот
„Нестогол“ изминатиот викенд против Сампдорија го постигна јубилејниот 10.
погодок во Серија А оваа сезона.

Па со добрите
игри се поголем број на клубови пројавуваат интерес за услугите на Илија
Несторовски.

Според денешното
издание на Тутоспорт, Фиорентината е последниот клуб кој влегува во трката за
потписот на Македонецот.

„Виолетовите“
летоска веројатно ќе останат без услугите на голгетерот Никола Калиниќ.

Па управата на
клубот има неколку имиња како потенцијални замени за Хрватот, а на листата со
желби на спортскиот директор Корвино високо котира Илија Несторовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани