Несторовски по поразот од Парма: Ова беше чуден меч, со чудни судиски одлуки

by
2 минути читање

Палермо на нашите
Александар Трајковски и Илија Несторовски синоќа забележа пораз од 3-2 на
гостувањето кај Парма, а уште во првото полувреме тимот на нашите
интернационалци имаше негатива од 2-0, а по само две минути во второто
полувреме и 3-0.

Капитенот на
тимот од Сицилија, Несторовски, смета дека тоа било чуден меч, со исто такви и
судиски одлуки.

Ова беше чуден
меч, не успеавме да го дадеме максимумот од нашиот квалитет како фудбалери во
текот на првото полувреме,
a работевме напорно за да дојдеме до позитивен исход од ова гостување.
Минавме лошо на овој меч, но сега сме фокусирани на мечот против Пескара,
истиот сакаме да го добиеме
“ вели Несторовски кој притоа се пожали и на
арбитражата.

Имаше доста
чудни и контроверзни ситуации, немаше досуден чист пенал за нас, во моментот
кога Лукарели имаше контакт со мене, а веднаш потоа Парма го постигна и првиот
гол. Дури и пеналот кој беше досуден за домаќините не беше баш чиста ситуација,
во 60% од ситуациите не би се досудил. Сепак, како и да е, одиме понатаму,
нашата цел останува иста како и на стартот од сезоната, промоција во Серија А,
претстојниот меч против Пескара е доста важен за нас, ќе повторам дека ќе
дадеме се
од себе да го
добиеме пред своја публика
“ додаде Несторовски.

Палермо со 57
бода заостанува бод зад второто место на кое е Фросиноне, а кое води директно
во Серија А, првопласираниот Емполи има предност од цели девет бода.

Несторовски синоќа погоди за 3-1, а Трајковски мечот го проследи од клупата за резервни фудбалери.

Извор: mediagol.it

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани