99
Ѕампарини е сопственик на Палермо од 2002 година, најмногу е познат по честото менување на тренерите, но и одличниот скаутинг кој го имаше клубот.
Тој потврди дека наскоро заминува од клубот и го продава на американски инвеститори.
„Нема да останам во Палермо како почесен претседател“ – вели Ѕампарини.
„Мојата оставка ќе се случи многу наскоро, а потоа американските инвеститори ќе го преземат клубот“.
„Не можам да кажам сега кои се тие. Но не сум почесен претседател и нема да бидам“.
„Ќе бидам со нив на стартот од преземањето за да им асистирам, да им дадам совети како да се справат со ситуацијата и потоа комплетно ќе заминам“.