Илија Несторовски
утрово имал мало патешествие кон тренинг центарот на Палермо.
Како што
пренесуваат локалните медиуми од Сицилија, репрезентативецот на
„Црвено-жолтите“ бил бркан низ улиците на Палермо од гневен возач.
„Нестогол“
истурил вода низ прозорецот од својот автомобил, ненамерно испрскал друг возач,
кој веднаш се пуштил во потера.
Напаѓачот дури
бил пријавен и во полиција, бидејќи возачот видел странски регистарски
таблички.
Бркотницата
завршила пред тренинг центарот на Палермо, и дури тогаш возачот увидел дека се
работи за еден од неговите миленици – Илија Несторовски.
Па бесот и
лутината веднаш исчезнале, и недоразбирањето било заборавено со прегратка и
неколку селфиња.
Илија Несторовски
е херојот на „Сицилијанците“ оваа сезона, Македонецот со 9 погодоци е најдобар
поединец и колку толку го одржува Палермо во битката за опстанок.