Обамејанг преку социјалните мрежи го искажа својот бес кон Африканската фудбалска конфедерација. Габонската експедиција морала да чека со саати за да го напушти аеродромот поради административен проблем. Не им било дозволено да заминат до утрото поради што морале да спијат на под. Дури по интервенција од властите биле пуштени.
„Добра работа КАФ (Африканска фудбалска конфедерација), чувството е како да сме се вратиле во деведесетите“, напиша Обамејанг на твитер.
„Ова нема да не демотивира нас, но луѓето треба да знаат дека КАФ треба да превземе одговорност. 2020 е и ние сакаме Африка да напредува но ова не е пример како треба да одиме напред“.
Габон е на првото место во групата со три бода пред Гамбија, првите две селекции од групите одат на Африканскиот куп на нации. За Гамбија ова би било деби учество доколку ја задржат позицијата.