76
По шест кола во Премиерлигата нема ниту еден тим кој не доживеал пораз, последен суровиот вкус за загубен меч го почувствува Евертон.
Ворд Праус во 27. минута погоди за водство на Саутемптон од 1-0, а осум минути подоцна Адамс зголеми на 2-0.
Во 72. Лукас Дињ заработи директен црвен картон, па мисијата на Евертон да ја надополните негативата стана уште потешка.
Евертон и покрај поразот остана лидер во Премиерлигата, има ист број на бодови како и Ливерпул но подобра гол разлика, а Саутемптон се искачи на петтата позиција.