Нема крај за проблемите на Реал Мадрид, шпанскиот гигант има катастрофална сезона зад себе која сигурно ќе треба брзо да ја заборави ако сака да се врати на победничките патеки.
Откако вчера беше објавено дека Кралевите ќе немаат можност да сметаат на услугите на тинејџерот Винисиус Жуниор цели два месеци, оваа вест дојде по елиминацијата во осминафиналето од Лигата на шампионите, а дојде нов удар за тимот од Мадрид, овој пат од поранешниот шеф на стручниот штаб.
Хулен Лопетеги иако потпиша тригодишен договор со Реал Мадрид, соработката не траеше долго, па шпанскиот клуб одлучи да му врачи отказ, а сега Лопетеги планира да го тужи на суд шпанскиот клуб.
„Ел Транситор“ пишува дека Лопетеги ќе бара да му се исплатат 28 милиони евра како компензација за предвремениот отказ од клупата на Реал Мадрид, онолку колку што тој потпиша во јунскиот договор ланската година.