Нема компромис за едно правило кое им пречи на италијанските клубови, здравјето на прво место

by
1 минути читање

Клубовите од Серија А се надеваат дека може да се намали бројот на денови кои играчот треба да ги помине во карантин ако има коронавирус.

Тие се надеваат дека само два негативни теста по ред ќе бидат доволни за тој да се врати во стројот без разлика дали поминал 14 дена во карантин или не.

Но според „Тутомеркатовеб“, ова е прашање за кое нема да има преговори. Здравствените власти во Италија не сакаат ни да слушнат за исклучок за фудбалерите.

Поради стравувањата од нов бран, претпазливоста е на високо ниво, па секој заразен фудбалер ќе мора да помине 14 дена во карантин како и луѓето од сите останати професии во Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани