ПСЖ го доби
дербито со Ливерпул откако го совлада Премиерлигашот со 2-1 пред своја публика
во рамките на петтото, претпоследно коло од групата „Ц“ од Лигата на
шампионите, на втората пресметка од таа конкуренција, Наполи на домашен терен
со 3-1 беше подобар од Црвена звезда.
Првата ѕвезда на
францускиот првак, Нејмар, по мечот изјави дека не бил целосно подготвен за
предизвикот, стрелецот на вториот гол за ПСЖ вели дека едноставно морал да
помогне во исклучително важниот меч за неговиот клуб.
„Не бев целосно
подготвен за овој натпревар, но истиот беше од големо значење и доста важен за
мојот клуб, така да, повреден или не, јас морав да бидам на теренот“ рече
Нејмар, кој го имаше и потегот на вечерта, откако Хендерсон беше посрамотен во
таа ситуација.
class="twitter-tweet" data-lang="en">