Нејмар и Перез имаат пакт, еве што му ветил Бразилецот на првиот човек на Реал

by
2 минути читање

Нејмар минатото
лето се најавуваше како новиот „галактико“ и наследникот на Роналдо во Реал
Мадрид, но ваквите најави не се реализираа.

По двата порази
во четири дена од лутиот ривал Барселона, се вратија гласините за трансфер на
Нејмар на „Сантијаго Бернабеу“. Пресметките со „каталонците“ покажаа дека на
Реал му фали играч од светска класа, играч кој на големите натпревари ќе прави
разлика. ЦР7 беше токму тоа до минатата сезона, но со заминувањето на Португалецот,
ниту еден играч не истапи.

Па Флорентино
Перез сака нова ѕвезда и изборот е Нејмар, кој подолго време е на неговата
агенда. Медиумите од Шпанија велат дека контакт помеѓу двете страни има подолго
време и Нејмар сениор нема ништо против да го види својот син во белиот дрес.

Се говори дека
тој дури постигнал пакт со Флорентино Перез, и му ветил на првиот човек на Реал
дека Нејмар ќе заврши во Мадрид доколку ПСЖ оваа година не ја освои Лигата на
шампионите.

Бразилецот има
амбиција да ја освои „Златната топка“ и тоа може да се случи само доколку го
предводи ПСЖ до триумф во ЛШ или пак направи преселба во голем клуб каде постојано ќе
биде во центарот на вниманието.

Самиот Нејмар изминатиов викенд призна дека секој играч сака да го облече дреост на Реал, и ако рече дека е среќен во ПСЖ, посочи дека не знае што носи иднината, и што може да се случи за три месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани