Нејмар го снајде
судината на Кристијано Роналдо, фудбалерот на ПСЖ е обвинет дека силувал
девојка.
Пријавата е
поднесена во полициска станица во Сао Пауло, девојката вели дека се
запознала со напаѓачот на социјалните мрежи, каде размениле пораки. Потоа
пријател на Нејмар и купил авионски карти, резервирал соба во хотел во Париз и
организирал за таа да отпатува во Франција и да се сретне со играчот на
„светците“.
Според пишувањата на медиумите кои го објавија целиот случај, Нејмар дошол пијан во хотелот, по краток разговор
почнал да се однесува агресивно и имал секс со девојката без нејзина
согласност.
Таа се вратила во
Бразил на 17. мај, била вознемирана од тоа што се случило и исплашена па
инцидентот го пријавила во полиција дури во петокот.