Името на Нејмар
редовно е дел од трансфер шпекулациите, можеби неколку недели беше тивко на
овој фронт, но оваа недела повторно се појавија гласини.
Радио Каталуња
синоќа објави дека Барселона и ПСЖ отвориле преговори за враќање на напаѓачот
на Камп Ноу. За реализирање на оваа спектакуларна зделка, Барса е подготвена да
го прати Осман Дембеле во Париз и да доплати одредена сума на пари.
Емисијата „Ел Чирингито“ денеска излезе со поинаква информација и објавена сторија на новинарот Хозе
Алварез од Ла Секста . Луѓето од окружувањето
на Нејмар му кажале дека и покрај шпекулациите, Бразилецот всушност е поблиску до
трансфер во Реал Мадрид отколку до враќње на Камп Ноу.
Извештајот сепак не
открива други информации, дали има некаков контакт помеѓу Реал и Нејмар или
дали се водат преговори.
¡OJO A ESTO! El ENTORNO de NEYMAR le ASEGURA a @10JoseAlvarez que está MÁS CERCA del REAL MADRID que del BARÇA. #ChiringuitoNeymar pic.twitter.com/fJxQSzuy3S
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) May 28, 2019