Нејмар дефинитивно отпадна за дуелот со Барса, шестта година по ред не игра во овој период

by
1 минути читање

Утре ПСЖ ја пречекува Барселона во реванш осминафиналниот меч од Лигата на шампионите. Информацииите од Франција велат дека Нејмар нема да настапи бидејќи се уште не е опоравен од повредата.

Неговото минато вели дека тој веќе шестта година по ред не игра во овој период од годината, официјалните причини се различни, но реалната се чини дека е една, роденденот на неговата сестра.

Нејзиниот роденден е на 11. март, а Нејмар е постојан гостин таму. Во 2015 и 2016 беше суспендиран, а следните четири години вклучително и оваа е повреден.

Бразилецот и навистина да е повреден во овој период, веќе речиси никој не му верува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани