Неизвесни денови, Луис Енрике кажа дали најдобриот играч на ПСЖ ќе биде подготвен за реваншот против Арсенал

by bojan
1 минути читање

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике вели дека Осман Дембеле ќе го прескокне дуелот против Стразбур овој викенд, но „светците“ се оптимисти дека напаѓачот ќе биде подготвен за реваншот против Арсенал во Лигата на шампиони..

Осман Дембеле има страшна сезона со 33 голови и 10 асистенции, и е еден од главните виновници за добрите резултати на ПСЖ.

Сепак следат неколку неизвесни денови откако Французинот, кој е склон на повреди, предвреме го заврши првиот натпревар против Арсенал во полуфиналето во Лигата на шампиони.

„Утре нема да игра, тоа е сигурно“ – рече тренерот Луис Енрике на денешната средба со новинарите пред натпреварот против Стразбур во Лига 1.

Во своето соопштение, ПСЖ порача: „Осман Дембеле заработи истегнување на задниот бутен мускул на десната нога. Неговата состојба се подобрува, во следните денови ќе бидат направени нови тестови“.

Како што пренесуваат медиумите, „светците“ се оптимисти дека напаѓачот ќе биде подготвен за реваншот против Арсенал во среда, одредени извори пренесуваат дека Осман Дембеле дури и ќе стисне заби и ако треба недоволно опоравен ќе игра поради огромната важност на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани