72
Лидс има цел да се врати во Премиерлигата најбрзо што може. Затоа го ангажираше искусниот Марсело Биелса кој во својата прва сезона поради пад на формата во финишот стигна само до полуфиналето од плејофот.
Сепак раководството на Лидс е задоволно од Биелса, а и тој самиот сака да проба уште еднаш да го внесе тимот во Премиерлигата поради тоа соработката е продолжена на уште една година.
Се очекува и Езгјан Алиоски да остане во Лидс и да продолжи да работи под водство на Биелса за кого имаше само пофални зборови.