Не тече мед и млеко во преговорите помеѓу Мбапе и ПСЖ за нов договор

by
1 минути читање

Во ПСЖ си
поставиле примарна цел да се продолжи договорот на Килијан Мбапе, а клубот
преку својот спортски директор Леонардо прави максимални напори за да ја
оствари својата зацртана цел, но, како и да е, желбите на клубот се едно, а
повеќе од јасно е дека сосема друго на самиот фудбалер.

„ЛЕкип“ известува дека клубот и фудбалерот
веќе имале првични контакти околу можно продолжување на договорот, меѓутоа
позициите на обете страни се на сосема различни страни, а преговорите течат
доста комплицирано.

Мбапе подолг период
се поврзува со Реал Мадрид, а од сенка својата шанса ја чека и Ливерпул кој
исто така се споменува како следна можна дестинација доколку дојде до разделба
помеѓу Мбапе и ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани