Не само Челси, и Ајнтрахт го шокира Реал Мадрид со сумата која ја бара за Јовиќ

by
1 минути читање

Реал Мадрид мака мачи да се договори со Челси за трансферот на Азар, преговорите не одат како што тие посакуваат, англискиот клуб бара 147 милиони евра, а тоа е огромна сума за играч на кој договорот му истакува за една сезона.

Се пишуваше дека Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт го договориле трансферот на Лука Јовиќ за 60 милиони евра. Но сега „Марка“ пласира друга информација. Германскиот клуб бара 100 милиони евра за Србинот.

Интерес за Јовиќ има и од други клубови, Ајнтрахт се свестил дека може да добие поголема сума од 60 милиони евра, а тоа е нов проблем за Реал Мадрид.

Се верува дека за српскиот фудбалер има интерес од ПСЖ, но и од Баерн Минхен. Претходно се интересираше и Барселона, а не се исклучува во позадина да има и некој клуб од Англија.

Ајнтрахт решил да го продаде Јовиќ на оној кој најмногу ќе понуди, а шпанскиот весник тврди дека Реал Мадрид не сака да учествува на една таква аукција и да плати повеќе од 60 милиони евра.

Пред почетокот на преодниот рок Реал Мадрид се соочува со повеќе проблеми, Серхио Рамос сака да си оди, тие не можат лесно да ги договорат трансферите на Азар и Јовиќ, а одбиени се и од Наполи за Кулибали.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани