„Не сакаме да го продадеме, тој е одличен фудбалер, но, во животот никогаш не вели никогаш“

by
1 минути читање

Првиот човек на
италијанскиот прволигаш Лацио, Клаудио Лотито вели дека
никогаш во животот не треба да се вели никогаш, а тој ова го говори во однос на големиот
интерес кој пристигнува од сите страни за Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Србинот го
продолжи договорот со римскиот клуб до 2023. година, но, тоа не го сопре
големиот интерес за неговите услуги, шпекулациите во Италија велеа дека Милан
имал и понуда од 120 милиони евра кон крајот на летниот преоден рок.

Тој има
петгодишен договор и ние не сакаме да го продадеме, тоа е поради фактот што е
одличен фудбалер, но, во животот никогаш не велете никогаш
“ изјави Лотито за
Раи.

Како и да е, од
Милан не ме прашале за него во неделата
“ додаде првиот човек на Лацијалите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани