„Не сакам да чистам, не знам да пеглам, а за готвење…“ – Мурињо објасни зошто две ипол години живеел во хотел во Манчестер

by
1 минути читање

Откако го
превзеде кормилото на „ѓаволите“, Жозе Мурињо наместо да се смести во некој луксузен
дом, две ипол години престојуваше во хотелот Лоури и потроши околу 800.000
фунти на ноќевања.

Во пресрет на
денешното враќање на Олд Трафорд, Португалецот откри зошто се решил на еден
ваков чекор.

„Знаете што,
немаше да бидам среќен доколку живеев сам. Ќе требаше да чистам, а не сакам да
го правам тоа. Ќе требаше да пеглам, а не знам да го правам тоа. А за готвење,
знам само да испржам јајца и колбаси
“ – вели „специјалниот“. „Навистна немаше да
бидам среќен“.

„Па затоа живеев
во прекрасен апартман, кој беше мој цело време. Не се работеше за тоа уште оваа
недела и ќе треба да заминам. Не, апартманот беше мој. Сè имав оставено таму, мојот
телевизор, моите книги, мојот компјутер. Практично тоа беше станче со собна услуга, ќе им кажев „ве молам донесете ми кафе подоцна“ или „не сакам да се
симнам на вечера, ве молам донесете ми вечера“. Имав с
è. Доколку сам живеев во
некоја куќа ќе ми беше многу потешко. Вака с
è беше убаво, и повеќе од убаво“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани