Не Реал Мадрид, на Гвардиола најтежок ривал во лига му е Ливерпул

by
1 минути читање

Доколку двата тима ги победат натпреварите во последните две кола Сити ќе заврши со 98, а Ливерпул со 97 бода, Пеп Гвардиола ќе ја освои својата осма лига титула во десетгодишна тренерска кариера.

И покрај тоа што водеше големи битки против Реал Мадрид во Примера, а еднаш ја загуби и титулата од нив, Гвардиола вели дека Ливерпул е неговиот најтежок ривал досега.

„Во лига натпреварување да, ова е најтешката сезона сигурно. Секогаш е убаво кога ќе освоите лига и секогаш е тешко, но овој пат е посебно тешко“, вели Гвардиола на прашањето дали Ливерпул е најтешкиот негов ривал досега.

„Посебно што ќе освоиме речиси 100 бода и се уште сме тука. За спортистите е тешко да се игра толку долго време на толку високо ниво, но тие го прават тоа“.

Актуелниот договор на Гвардиола со Сити трае уште две години, вели дека е среќен и нема намера да си замине.

„Се чувствувам комфорно тука. Имам се што сакам. Имам неверојатни фудбалери. Клубот ми дава поддршка. Го сфатив тоа уште во мојата прва сезона кога не освоивме титула. Имам голема поддршка од претседателот, од извршниот директор, од спортскиот директор“.

„Мојот стручен штаб е задоволен да работи со мене. Имаме се што сакам па зошто би сакал промена, затоа и го продолживме првичниот договор“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани