По слабиот старт
во новата сезона во Премиерлигата, работите не можеа да тргнат во уште полоша
насока за Манчестер Сити и Пеп Гвардиола по сериозната криза во однос на
изборот на напаѓачи во составот.
Серхио Агуеро и
Габриел Жесус се вон комбинација за настап поради повреда, па сево ова создава
главоболка за Гвардиола кој не крие дека посакувал засилување во нападот во
преодниот рок, меѓутоа, само во случај да станува збор за напаѓач од нивото на
Жесус и Агуеро, меѓутоа клубот тоа не можел да си го дозволи, за што и самиот
Гвардиола потврдува.
„Ние сериозно
размислувавме за таа опција, да вметнеме уште еден напаѓач во тимот, меѓутоа
едноставно не можевме да си го дозволиме тоа, клубот стори се’ што можеше, сакаат да реинвестираат во
тимот, нашиот состав е млад“ вели Гвардиола.
„Кога одлучувате
да купите напаѓач, тогаш тоа го правите со некој на нивото на Жесус и Агуеро, а
тоа не можете да си го дозволите, тоа е реалноста…“ додава тој.
„Не велам дека
клубот не сакаше да го реализира сето тоа, тие сакаа повторно да не направат
силни, најсилни што е можно, но, големи беа очекувањата Агуеро да се врати, а
сигурно во ниту еден случај не ја очекувавме повредата на Жесус“ заклучи шефот
на стручниот штаб на Манчестер Сити.
Инаку „Граѓаните“ сериозно се поврзуваа со можен трансфер на Лионел Меси од Барселона, особено по големата криза во тимот на Каталонците која настана по одлуката на Аргентинецот да си замине.