Весникот Мундо Депортиво објави детали од новата соработка на Ламин Јамал со Барселона, младото момче побарало да има што е можно поголема минутажа, а сака да изведува корнери, слободни удари и пенали.
Барселона синоќа заврши голема работа пред почетокот на летниот преоден рок и го осигура потписот на Ламин Јамал.
Медиумите ја опишаа соработката како „галактико договор“ според кој младото момче ќе биде еден од најплатените играчи во составот со примања од 15 милиони евра по сезона, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Мундо Депортиво сега открива повеќе детали и објави какви се други барања имал Ламин Јамал.
Тинејџерот побарал да има што е можно поголема минутажа, односно да остане на терен и кога натпреварот е практично решен.
Тој исто така сака да има поголема инволвираност кога се во прашање изведување корнери, слободни удари и пенали.
Во моментов пред него има неколку играчи, слободните удари се резервирани за Рафиња, Олмо, Феран Торес и Фермин Лопез.
Што се однесува пеналите, Левандовски е прв избор, втор е Рафиња, а прецизност од белата точка покажаа и Олмо и Феран Торес.
ФОТО: X/Barcelona