Не е исто без публика, во Бундеслигата гостите сега победуваат како од шала

by
1 минути читање

Ако се анализираат резултатите од двете кола кои се одиграа во Бундеслигата без публика, ќе се дојде до заклучок дека домашниот терен веќе не е некоја предност.

Од вкупно 18 одиграни натпревари само три завршиле со победа на домаќините. Борусија Дортмунд го совлада Шалке со 2-0, Херта со 4-0 беше подобра од Унион Берлин, а Баерн Минхен со 5-2 го победи Ајнтрахт.

Гостите на победа се радуваа дури десет пати, а пет мечеви завршија нерешено.

Статистиката вели дека пред паузата поради коронавирусот оваа сезона домаќините победувале на 43,3% од натпреварите, а гостите на 34,8%.

По продолжувањето на сезоната домаќините победиле на само 16,7% од натпреварите додека гостите на 55,5%.

Времето ќе покаже дали овој тренд е само случајност или кога се игра без публика домаќините навистина немаат никаква предност од играњето на својот стадион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×