Не бил само Меси, тајна клаузула има и во договорот на Гвардиола

by
1 минути читање

Манчестер Сити
изминатите две сезони доминираше во Премиерлигата, но „граѓаните“ сега играат
под очекувањата и можностите. Веќе заостануваат 14 бода зад лидерот Ливерпул,
Пеп Гвардиола никогаш претходно не бил во ваква ситуација, па често се говори
за неговата иднина.

Неколку весници од
„островото“ денеска објавија за тајна клаузула во неговиот договор кој е со
трајност во 2021. Се шпекулира дека Пеп Гвардиола може да замине по крајот на
сезоната доколку бидат исполнети одредени услови. Што точно треба да се случи
за Шпанецот да биде ослободен од договорот засега никој ништо не открива.

Ваква тајна клаузула
медиумите открија и во договорот на Лео Меси. Аргентинецот има одврзани раце по
крајот на сезоната да одлучи дали ќе продолжи на Камп Ноу или да замине во друг клуб без обесштетување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани