Навивачите на Ливерпул си ја направија математиката: Клоп селектор на Германија, Џерард се враќа на Енфилд

by
1 минути читање

За иднината на Јирген Клоп се пишува со месеци, Ливерпул игра очајно оваа сезона, и не само што е далеку од битката за титулата, „црвените“ заостануваат и во битката за топ четири.

Германецот има договор до 2024 година, но се шпекулира дека многу брзо може да си замине.

Масло на оганот беше денешната објава ДФБ и заминувањето на Јоаким Лев од клупата на Германија. Навивачите на Ливерпул веднаш направија математика, сметаа дека Јирген Клоп ќе си замина за да го превзеде кормилото на „панцерите“ а на негово мсто ќе пристигне Стивен Џерард.

Легендата на Ливерпул има одлична сезона со Ренџерс и пред неколку дена се радуваше на титула во првенстовото на Шкотска.

Останува да се види дали Јирген Клоп ќе биде изборот на Фудбалската федерација на Германија и дали стратегот ќе прифати ваква авантура.

Во минатото неговото име неколку пати се поврзуваше со националниот тим, но тој секогаш велеше дека не е прав момент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани