Тешко е да се
каже дека Барселона и ПСЖ се во добри односи како клубови, а нетрпеливоста
расте и кај навивачите на Каталонците кои на посебен начин му посакаа „добредојде“
на првиот човек на францускиот првак Насер Ал-Келаифи.
Денеска ПСЖ
пристигна во Каталонија за утревечерниот меч против Барселона во осминафиналето
од Лигата на шампионите, а навивачите на Каталонците видно револтирани поради
случувањата со Лионел Меси и можноста Аргентинецот да се пресели во Париз,
гневот го упатија токму кон Ал-Келифи.
„Остави го Меси
на мира, крадецу!“ довика еден навивач на Барселона, а сето тоа беше уловено од
камерите, друг довика до него со погрдни зборови нарекувајќи го „ку*кин син“, а
трет пак гласно му побара еден милион евра.