150
Меси од Аргентина нервозен пристигна во Барселона и изјави дека му е преку глава постојано да биде обвинуван дека тој е виновникот за се и сешто во клубот.
Претходно близок пријател на Гризман изјави дека на Французинот му било тешко да соработува со Меси и дека Аргентинецот командува во Барселона.
Таквите тврдења ги налутија дел од навивачите кои му се нафрлија на Гризман и побараа да го почитува Меси.